Eкипата на Барселона одработи преоден рок во кој потроши многу пари и тоа е чудно поради нивната финансиска ситуација. Критики сега стигнаа од легендарниот Ван Бастен.

Каталонците се критикувани поради односот кон Френки Де Јонг кој подолго време е на излезни врати од клубот и Барселона сака да се ослободи од него. Но, од друга страна Холанѓанецот не сака да замине иако имаше понуда од Манчестер Јунајтед.

Според Ван Бастен сегашното однесување на Барселона е под стандардите на клубот.

„Ако Кројф беше во клубот ќе беше засрамен од однесувањето на Барселона. Нивното однесување е далеку од стандардите за Барселона“, истакна Ван Бастен.

Јохан Кројф е икона на Барселона и човек кој премногу направи за клубот, а денес дел од управата е неговиот син Жорди.

Коментари