Во викендот кој е зад нас стартуваше италијанската Серија А и веднаш беше забележана една интересна ситуација.

Имено, од десетте натпревари кои се одиграа ниту еден натпревар не заврши нерешено, исто така немаше натпревар без голови. Вакво нешто не е се случило од сезоната 1971/1972 или цели 50 години. Тогаш последен пат во првото коло на Серија А немало нерешен резултат.

Низ историјата само три пати се случило да нема реми во првото коло. Покрај споменатата 1971/1972 така беше во сезоните 1933/1934 и 1934/1935.

Ова коло во Италија донесе 34 гола или 3.4 во просек по меч.

Коментари