
Јувентус има лош старт на сезоната, под сите очекувања, па тренерот Алегри е под голем притисок.




После поразот од Бенфика на домашен терен во ЛШ, се засилија шпекулациите за негов отказ, па медиумите дури почнаа да лецитираат со тренери кои можат да бидат негова замена.




Меѓутоа, раководството засега не размислува за отказ бидејќи Алегри има долго договор и висока плата, па отказот ќе го чини клубот премногу.




Проблем не се само резултатите, туку и играта на тимот, па Јувентус му постави рок на Алегри.
Резултатите ќе мора да бидат поправени после паузата за репрезентации и до почетокот на Светското првенство (13 ноември) Јувентус ќе мора да ја поправи играта и да влезе во серија на лоши резултати.




Доколку ситуацијата не биде променета до тогаш, на Алегри ќе му биде врачен отказ.