УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски од патриот може да стане предавник?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски остро се спротивставуват на Уставните измени кој бараат двотретинско мнозиство. Дел од политичките аналитичар анализират дека со тоа Мицкоски сака да предизвика предвремени парламентарни избори за потоа самиот да ги изгласи потребните уставните измени.

Политичкиот аналитичар Мухамед Халили вели дека од партиска политичка гледна точка многу нормално и легитимно е опозиционите политички партии да се незадоволни од економските, политичките, социјалните и други состојби, и да се борат со политички средства да ја симнаат актуелната власт за да можат после тие да раководат со власта и државата.

Мухамед Халили

– Бидејќи Мицкоски како лидер на опозицијата остро се спротивставуваше на францускиот предлог сосема легитимно е да се бори преку анатемирање на власта да дојде до предвремени избори и да неговата партија ја превзема власта надевајќи се дека за време на изборите ќе се повтори успехот на партијата од локалните избори. Неговата надеж е уште поголема ако се применува праксата на Пржино што Мицкоски досега ја потценуваше и беше против. Мицкоски под услов и да сака или да има голем притисок од меѓународната заедница да прифати измена на Уставот, таково барање нема да прифати оти тоа нема да биде во полза на неговите избирачи кои досега ги „хранил“ со предавството на владејачката коалиција, посебно СДСМ. Како ќе постапи во иднина ќе докажува времето, изјави Халили за „Локално“.

Од државно гледна точка, додава тој, во дадениот момент тоа е штетно за државата бидејќи се кочат евроинтеграциските процеси и со тоа се закочуваат економските и социјалните преспективи на граѓаните.

Благоја Атанасоски

Од друга страна политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски смета дека доколку Мицкоски има намера да ги блокира уставните измени со цел да предизвика предвремени парламентарни избори а потоа самиот да ги изгласа, тогаш „ ќе биде најголемото предавство на националните интереси од тие што се удираат в гради дека се најголеми патриоти“.

– Ако тоа е,, логиката “, тогаш тоа ќе биде најголемото предавство на националните интереси од тие што се удираат в гради дека се најголеми патриоти, кои ги бранат интересите и постојано посочуваат со прстот кон,, предавниците”. Но, искрено, не би ме изненадило и тоа да се случи. Оваа политичка партија, всушност и така функционира. Во минатото, нејзиниот долгогодишен лидер и премиер Никола Груевски и неговото најтесно раководството, постојано велеа дека,, нема да коалициираат со терористи “, алудирајќи за не правење на коалиција со ДУИ, за на крајот да бидат во децениски брак од интерес со истите, дури иронично и да ги амнестираат,, терористите”. Истото се случуваше и со Законот за територијалната организација, каде што изрично се противеа, потоа за да владеат со ДУИ, си го прифатија,, како попчиња и легнаа на брашното”. Жалното е само што нивните најжестоки поддржувачи го забораваат сето ова, или пак им одговара да го,, заборават” од клиентилистички побуди. Но ние, сепак не сме со куса памет, изјави Атанасоски за „Локално“.

Д.Ј.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...