Илјадници жители на Флорида останаа заробени во налетот на Ураганот Иан кој вчера уништи илјадници домови и бизниси и остави домаќинства во темнина без електрична енергија.
Веќе е регистрирана и првата жртва, а претседателот на САД Џо Бајден предупреди дека бројот на загинати од невремето може да биде многу голем.
Според експертите ова е најсилниот Ураган во историјата кој ги погодил САД. Иако во текот на вчерашниот ден силата на Иан беше намалена сепак синоптичарите предупредуваат дека тој ќе ја поврати својата сила свртувајќи на својот пат кон север.