Ова е прва меѓународна потврда дека е погодена градинка.
Претставник на болницата во градот Мекеле изјави дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои две деца, а девет биле ранети.
Државната телевизија објави дека загинале „седум цивили, меѓу кои и три деца“.
Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ на Твитер изјави дека „децата уште еднаш платија висока цена за ескалацијата на насилството во северна Етиопија“.
Во средата борбите продолжија во северна Етиопија, со што заврши петмесечниот прекин на огнот меѓу федералната влада и бунтовничките власти.
Бунтовниците тврдат дека авионот „фрлил бомби врз станбена зона и градинка во Мекеле“, додека владата на Етиопија објави дека воената авијација цели исклучиво воени цели