Унгарците не се откажуваат од рускиот гас. Владиниот портпарол, Золтан Ковач соопшти дека Унгарија потпиша нов договор за гас со Русија.

Русија ќе испорачува до 5,8 милиони кубни метри гас дневно за Унгарија покрај договорената количина што е веќе на сила.

 

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, рече дека договорот со кој гасот ќе се испраќа до Унгарија преку Србија значи дека ќе имаат доволно за потребите.

Унгарија претходно  потпиша долгорочен договор за добивање 3,5 милијарди кубни метри гас од Русија годишно преку гасоводот Турски тек и дополнителни милијарда кубни метри гас од Австрија, пишува „Политико“. Земјата добива околу 80 отсто од својот гас од „Гаспром“ и се противи на какви било санкции на ЕУ за рускиот гас.