Манчестер Јунајтед новата сезона ја започна со изненадувачки пораз на домашен терен од Брајтон (1:2).

Најголем проблем на „црвените ѓаволи“ уште во првиот меч се покажа дека ќе биде одбраната. Креативноста во нападот беше добра, напаѓачите создаваа шанси, но не успеваа да ги реализираат.

Сепак, одбраната често дозволуваше на противничките фудбалери да создаваат шанси, а во 30-та минута Паскал Гроз погоди за 0:1. До крајот на полувремето истиот играч зголеми на 0:2.

Во вториот дел Јунајтед стави се на една карта, Тен Хаг во игра го стави и Кристиано Роналдо, но домаќините не успеаа да стигнат ниту до бод.

Најдобрата шанса ја имаше Рашфорд во 60-та минута, а неколку минути подоцна Брајтон си постигна автогол за конечни 1:2.

Коментари