Семејството Глејзер сака да го продаде Манчестер Јунајтед уште во првото тромесечие од 2023 година, објави реномираниот новинар Дејвид Орнстин.
Американската банка „Raine Group“ која ја контролира целата продажба има поставено рок до март за извршување на продажбата. Глејзер бараат помеѓу 7 и 8 милијарди за акциите на Манчестер Јунајтед.
Најдобрите моменти на Светско Првенство 2022 ↓↓↓
Поради тоа, Манчестер Јунајтед нема да купува играчи во зимскиот преоден рок, а ќе бара засилување на позајмица, откриваат медиумите на Островот.
Веста дека клубот ќе доведува засилувања само на позајмица е сериозен удар за менаџерот Ерик тен Хаг, кој имаше големи надежи, дека значително ќе го засили тимот во јануари.