Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, одговори на заканите на Путиновиот заменик и сојузник Дмитриј Медведев. Тој му порача да „најде бункер каде ќе се крие“.

Медведев му се закани на режимот во Киев и рече „дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“.

Пред тоа, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава како што е Северна Кореја и Садамовиот бункер, каде ќе се крие и конечно нека престане да пишува ‘русија’ со голема буква и да се навикне на фактот дека ‘тие сè уште не се ни повлекле’“, објави Данилов вчера на Твитер.