Украинската национална телевизија UA:PBC објави дека големото финале на „Видбир“, нивниот натпревар за избор на учесници на Изборот за песна на Евровизија, ќе се емитува во живо на 17 декември и тоа од засолниште за бомби во Киев, беше објавено на веб страницата на Евросонг.

Интересот за националното финале е голем, а радиодифузерот доби 400 песни од 299 учесници.

Украинците се надеваат дека ќе го повторат овогодинешниот спектакуларен успех кога групата Калуш Оркестар победи во Торино.

Изборот за песна на Евровизија 2023 година е закажан од 9 до 13 мај во Ливерпул.

Поради тоа што Украина се уште е под секојдневни напади од Русија, организаторите од безбедносни причини биле принудени да и ја „одземат“ организацијата на натпреварот, а домаќин ќе биде Велика Британија.