Украинците тврдат дека руските сили што се повлекуваат од Херсон ја уништуваат сообраќајната инфраструктура.
Тие забележуваат дека руските војници се движат многу бавно. Украинските власти размислуваат дали ова е намерен потег за да ги намамат украинските сили во стапица.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера ѝ нареди на армијата да се повлече од западниот брег на реката Дњепар во близина на стратегиски важниот Херсон, по неколкумесечни борби и украинска контраофанзива.
Руските сили го зазедоа Херсон во првите денови од инвазијата.