
Владите на 35 европски земји побарале од претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александер Чеферин, да ги исфрли руските и белоруските функционери од телата на „европската куќа на фудбалот“,
Барањето најмногу се однесува за Александар Џуков, руски бизнисмен, кој е и претседател на Управниот одбор на „Гаспром“, претседател на фудбалскиот клуб Зенит и претседател на Руската фудбалска федерација.
Покрај Џуков, функции во УЕФА имаат и поранешните членови на КГБ Олег Дерипаска и Сегеј Приадкин.
Покрај владата на Обединетото Кралство, најгласни во барањето да се исфрлат Русите и Белорусите од УЕФА се и владите на Франција и Германија.
Русија и Белорусија во органите на УЕФА имаат 22 претставници.