Удинезе продолжува со одличните резултати, па денес на „Фриули“ падна и Интер (3:1).

Тимот на Несторовски го зеде скалпот на уште еден фаворит и се искачи на врвот на табелата во Серија А.

Натпреварот започна одлично за гостите кои уште во 5-та минута дојдоа до водство со одличниот гол на Барела од слободен удар, но Удинезе успеа да направи целосен песврт.

Најпрво во 22-та минута кога Милан Скриниар си постигна автогол и изедначи на 1-1, а тој резултат беше актуелен до 84-та минута.

Бијол погоди за комплетен пресврт и водство на Удинезе од 2-1, а во судиското продолжение Арслан даде гол со глава за конечни 3-1.