Дениз Дејм, старлета од Словенија, ја шокираше јавноста со своето однесување во реалното шоу „Задруга“ каде промовираше блуд и разврат, а сега повторно успеа да ги изненади сите со својата бизарна идеја.
Во реалното шоу Дениз се тепаше, се соблекуваше и имаше лежерни интимни врски, а постојано кажуваше дека е спонзоруша.
Бидејќи парите од наводните спонзори не и се доволни, таа на социјалните мрежи објави дека отвора училиште за спонзоруши.
– Наскоро ќе отворам онлајн училиште за спонзоруши! – им упати кратка порака на обожавателите на ТикТок и Инстаграм и предизвика бурни реакции.
„Го допревме дното“, „Па какви спонзоруши сте вие ако треба да работите“, „Содома и Гомора“, беа само дел од коментарите.