МВР информира дека лицата биле приведени од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово,
„При извршена контрола во патничко возило „мерцедес”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 килограми риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100 метри, кои биле предмет на недозволена трговија од Албанија кон Македонија“, се вели во информацијата на МВР.