Уапсена уште една негувателка за малтретирање на баба во Косово

Уште една, трета негувателка од старскиот дом во Пеќ на Косово, која учествувала во малтретирањето и тепањето на старицата кое ја згрози јавноста, денеска е уапсена, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ.

-Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“ – изјави Гаши.

По објавувањето на вознемирувачката снимка, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против негувателките вмешани во случајот.

„Двајца обвинители и косовската полиција идентификуваа и приведоа двајца осомничени на местото каде што се сомничи дека е сторено кривично дело и по наредба на обвинител им е одредена мерка притвор до 48 часа, поради сомнение дека сториле кривично дело соизвршителство во кривичното дело „напад“ и кривично дело „помагање при извршување на кривичното дело напад“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Во Косово се појави вознемирувачка снимка од дом за стари лица во градот Пеќ, на која се гледа како млада работничка, негувателка или медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, сместена на домот.

Настанот се случил пред неколку дена во приватниот дом во Пеќ. На видеото се гледа како вработената ја удира по главата повозрасната жена. Нејзината колешка во првите моменти од насилството сака да ја отргне од намерата, но таа продолжува да ѝ удира шлаканици на жената.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...