УЈИЕ ја одбележа 22. годишнината од основањето / Груби: Универзитетите се продолжение на патот кон социјална и национала еманципација

Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово  денеска ја одбележа 22-годишнината  од своето основање.

На оваа свечена церемонија присуствуваа вработените, студентите, членовите на семејствата, професори, академици, како и Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Исто така, на оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.

Во својот говор пред присутните вицепремиерот Груби истакна дека со основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово е скршена политичката бариера на сите оние кои со години го негираа образованието на Албанците и нивното елементарно право на образование на мајчин јазик.

Груби посака уште многу успешни години работа на УЈИЕ.

Целосна објава:

Беше задоволство да бидам дел од церемонијата по повод 22-та годишнина од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа и да ја пренесам мојата длабока благодарност за дведеценискиот придонес на ова место на знаењето во служба на прогресивните каузи на земјата.
Основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа е важен датум за високото образование на албански јазик, бидејќи со него беше скршена политичката и психолошката бариера на оние кои го негираа нашето природно право.
Универзитетот на Југоисточна Европа го отвори патот, го стопи вековниот мраз и го отвори патот за уште два универзитети на албански јазик кои ги имаме денес.
Се радувам на секое достигнување на секоја образовна институција, се радувам на секој успех на нивните кадри.
Нека биде вечен патот на знаењето и напредокот кои го трасираат нашите универзитети!

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...