Во извештајот се наведува дека од четири чамци се спасени вкупно 73 мигранти, а потрагата по петте исчезнати лица продолжува со два чамци и хеликоптер.
Меѓу шесте загинати има една жена, три деца и две новороденчиња, се вели во извештајот.
Во саботата мигрантите заминале од Либан за Италија, но морале да наполнат гориво во близина на грчкиот остров Родос.
Грчката крајбрежна стража, одговарајќи на повикот за помош, ги натоварила мигрантите во четири чамци за спасување и ги оставиле во близина на турските територијални води, тврди турската крајбрежна стража.
Според податоците на нивната веб-страница, годинава биле запрени над 30 илјади илегални бегалци, двојно повеќе од лани.