Гром уби тројца Сиријци одеднаш во центарот на Софија. Жртвите се млади Сиријци. Мигрантите се сокриле под дрво од невремето што синоќа ја зафати Софија и со себе го носеле својот багаж.
Инцидентот се случил во градината помеѓу улицата „Пировска“ и улицата „Св. Никола“ во центарот на главниот град. Според изјавите на очевидци, групата пешачела кога почнало невремето. Решиле да се скријат под најголемото дрво во паркот во близина на Хебрејското училиште. ТСпоред првичните податоци, громот не удрил во дрвото, туку или во луѓето или во нивна близина.
Громот удрил во 18 часот и 15 минути по локално време. На местото на настанот се испратени три возила на итната медицинска помош кои за 9 минути пристигнале на местото на настанот.