На денешниот заеднички коктел во седиштето на Брисел после Првата меѓувладина конференција, пред присутните беа поставени три торти.

Тортите беа во форма на три знамиња – знамето на С. Македонија, на ЕУ и албанското знаме.

На настанот присуствуваат и членови на владините делегации и новинари од С. Македонија и Албанија. Тортите беа пресечени од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.

ЕУ одржа меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија во Брисел, со што официјално беа отворени  долгоочекуваните преговори.

Фото: Локално