Интернационалниот центар за спортски студии од Швајцарија направи анализа според која Џуд Белингам моментално е фудбалер со најголема трансфер вредност.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец е проценет на 208 милиони евра.

Во анализата се вклучени посебни критериуми, вклучувајќи ги и годините кога истекуваат договорите, како и возраста на фудбалерите.

Веднаш зад Белингам е неговиот сонародник Фил Фоден, за кого Манчестер Сити може да добие до 200,5 милиони евра, а потоа следуваат Мбапе, Винисиус и Халанд.

Потоа следуваат двете млади ѕвезди на Барселона, Педри и Гави, а во Топ 10 се уште Мусијала, Гвардиол и Валверде.