Том Бреди и Жизел Бундхен ангажираат адвокати за развод

Том Бреди и Жизел Бундхен ангажирале адвокати за да почнат постапка за развод, дознава „Пејџ сикс“.

Бекот на Националната фудбалска лига (НФЛ) е во брак со бразилскиот супермодел од 2009 година.

Но, парот се разделува по жестока расправија.

Се чини дека Том (47) и Жизел (42) не успеале да ги надминат разликите. Според медиумите, главната причина е расправија за одлуката на Том да му се врати на спортот само 40 дена по пензионирањето.

Тие наводно живеат одвоено изминативе неколку месеци.

„Никогаш не помислив дека оваа кавга ќе биде крај на нивниот брак, но се чини дека е. Мислам дека повеќе нема враќање назад,“ вели упатен извор за „Пејџ сикс“. И двајцата ангажираа адвокати и се информираат што ќе значи оваа разделба – кој што ќе добие и како ќе го поделат имотот, додава изворот.

Парот и понатаму молчи на оваа тема, а упатени извори тврдат дека Том и Жизел, кои се во брак од 2009 година и имаат две деца – синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (9) – планираат да имаат заедничко старателство. Том има и 15-годишен син со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.

Брејди реши да се врати од пензија и да продолжи да игра за НФЛ, одлука што наводно ја разбеснило Жизел.

„Таа отсекогаш беше посветена на децата. Се договорија дека тој ќе се повлече од спортот за да се фокусира на семејството, а потоа се предомисли“, велат упатени извори.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...