За денес најевена е прес-конференција како најава за иницијатива за промена на Христијан Мицковски, како претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Главен иницијатор за оваа промена на Мицковски е токму негов близок соопартиец, Оливер Андонов кој во минатото ја извршуваше функцијата заменик-министер за внатрешни работи.
Андонов како што најави е дел од фракцијата за демократко ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ. Нема информација за тоа кои други членови на партијата се дел од оваа фракција.
„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, стои во соопштението на Андонов.
Ова би значело дека и наблиските соопартици на Мицковски повеќе не го поддржуваат и сакаат да го сменат од функцијата, прв човек на ДПМНЕ .