Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг полека воведува ред во соблекувалната на „црвените ѓаволи“, објавија медиумите на Островот.

По помекиот пристап на неговите претходници Оле Солскјаер и Ралф Рагник, Холанѓанецот сака со цврста рака да го врати редот на Олд Трафорд.

Тен Хаг им забранил пиење алкохол на фудбалерите во текот на неделите, а притоа играчите мора да одат постојано на мерење, па кои нема да ги почитуваат правилата ќе добијат казни.

Но, тоа не е се затоа што на фудбалерите им било наредено да ги отпуштат своите лични кувари и да ја јадат храната од клубот, а притоа ќе има казни и ако некој открива информации од соблекувалната.

Манчестер досега одигра три натпревари на азиската турнеја и забележа исто толку победи, против Ливерпул, Мелбурн и Кристал Палас.