Taжна вест ни пристигнува утрово од Италија, на 58-годишна возраст почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали.
Вијали од 2017 година водеше тешка борба со ракот на панкреасот, а во 2020 година беа објавени вести дека ја победил тешката болест, но во последната година болеста се врати и неговата состојба се влоши.
Кога болеста се влоши тој се повлече од фудбалскиот свет и се посвети на тешката битка која за жал не успеа да ја доби.
До повлекувањето беше помошник во италијанската репрезентација на Роберто Манчини на Европското првенство во 2020 година.
Во својата богата кариера како играчи Вијали ги носеше дресовите на Кременозе, Сампдорија, Јувентус и Челзи.