Арбен Таравари беше еден од единствените функционери кои инсистираше да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и еден од единствените кои никогаш не ги раскина врските со партијата на Мицкоски на локално ниво, иако раководството на партијата одлучи да коалицира со ВМРО на државно ниво- со тоа  ја доведе Алијансата за Албанците на работ на колапс и пропаст.

За да се зајакне и прошири оваа коалиција, потребно беше Зиадин Села да биде разрешен од функцијата претседател и тоа се случи.

Шефот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села денеска поднесе оставка од претседателската функција и со тоа му го отвори патот на Таравари, кој ќе го наследи Села на местото шеф на партијата, да ја прошири и зајакне коалицијата.

На самиот крај се поставува прашањето дали се беше планирано, дали Таравари работеше во корист на ВМРО и на штета на Алијанса за Албанците во Тетово со единствена цел да го разреши Села? Тоа останува да видиме.