Страшно злосторство ја потресе Србија: Татко си ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил

Пред грозоморниот чин тој на сопругата со која е во процес на развод  ѝ испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“

Марко Б.(35) од Вршац вчера во семејниот дом ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил со бесење.

Според информациите, тој ја задавил својата ќерка, а пред грозоморниот чин и испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“ на сопругата со која е во процес на развод.

Несреќната жена веднаш повикала полиција, но веќе било доцна.

Ова монструозно злосторство, кое ја потресе српската јавност, потсети на сличен грозен чин што се случи пред пет години пред Центарот за социјална работа во Раковица, Белград.

Тогаш Марко Николиќ (43) ги уби четиригодишниот син Михаил и невенчаната сопруга Маја Ѓорѓевиќ (38).

Николиќ дошол во Центарот носејќи го во раце својот син во онесвестена состојба, кого, се дозна подоцна, го задавил, го фрлил детето на под и ја нападнал Маја.

Ја нападнал со тупаници и нож. Кутрата жена успеала да побегне од зградата, но тој ја стигнал на паркингот и смртно ја избодел.

Николиќ набрзо бил уапсен и испратен во затвор.

-Во притвор Николиќ се однесува како да е на одмор. Едноставно јаде, спие, гледа телевизија и ја подготвува својата одбрана со адвокат кој го посетува. На тие тројца приведени едвај им кажува збор, односно се однесува како да ги нема. Во спротивно, не прави никакви проблеми и без прашање ги исполнува обврските во притвор – изјави тогаш извор од затворот.

Николиќ се самоубил во затворот, прво со чаша нападнал друг затвореник, а потоа сам си го пресекол грлото и се самоубил.

Бил погребан во тајност на Централните гробишта во Белград.

На гробот од црн мермер ништо не е врежано, а името на Марко е на крстот што почива на семејната гробница. На плочата има само еден венец од членовите на неговото потесно семејство со лента на која пишува: „Вие сте засекогаш во нашите срца! Мамо, тато и бато“.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...