Како последица на екстремно високите температури во Мексико, во последните четири месеци починале 249 лица.
Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури поради климатските промени.
Термометрите во Мексико покажаа околу 45 Целзиусови степени на крајот на јуни. Најголем број смртни случаи е забележан во Нуево Леон, каде што починале 100 лица.
Околу 92,4 отсто од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.
Владата на Мексико препорачува да се пијат најмалку два литра вода често во текот на денот и да не сe излегува надвор, освен ако е апсолутно неопходно.
Во истиот период минатата година 38 лица починаа од екстремни горештини во Мексико.