„Постигнавме договор е непречено снабдување со мазут преку Грција како што и досега имавме снабдување со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“. Втората тема се големите проекти кои се однесуваат на енергетската трансформација, прво во однос на изградбата на гасоводот преку Грција, интерконекторот Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино, веќе е отпочната процедура за маркет-тест што треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и со оглед на тоа дека веќе има понуди за закупување на капацитети на овој гасовод. Доколку се тече според планот, би требало изградбата да почне до крајот на годината.
Грчки инвеститори планираат да инвестираат во големата гасна централа со капацитет до 200 мегавати во Северна Македонија. Анализите се во тек, по што оваа голема инвестиција треба да биде претставена пред Владата и во Собранието како стратешка инвестиција која ќе треба да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија за Република Северна Македонија, меѓутоа и за регионот.
И за проектот „Чебрен“ веќе е почната процедура и после голем број на неуспешни обиди имаме понуда и инвеститор кој е заинтересиран за изградба, а тоа е понудата од грчката компанија ППС. Таа понуда ќе помине низ филтрите на евалуација и нако евалуацијата покаже соодветност на понудата со очекувањата тогаш, исто така, до крајот на годината може да очекуваме потпишување и на договор за изградбата на овој би рекол најголем енергетски капацитет во регионални рамки“, изјави Ковачевски