Српските демонстранти во северно Косово ги блокираа главните патишта втор ден по ред, откако во текот на ноќта разменија оган со полицијата. Еулекс, мисијата на Европската Унија задолжена за патролирање на северот на Косово, соопшти дека демонстрантите вчера вечерта нападнале патрола со оклопни возила.

„Припадниците на специјалните единици РОСУ, целосно вооружени со долги цевки и со оклопни возила, упаднале во објектот на големата брана на езерото Газиводе, таму затекнале чувар кој го мери нивото на водата, го избркале од објектот и ги искинале српските знамиња“, пишуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност во 19 часот.