Гонзало Игуаин уште еднаш ја покажа својата калса во дресот на Интер Мајами.

Аргентинецот постигна хет-трик за едно полувреме против Синсинати во натпревар кој заврши 4:4. Дуелот беше отворен со спектакуларен слободен удар на Игуаин во 23. минута.

Гостите двапати изедначуваа преку Бренер, а во судиското продолжение од првиот дел Игуаин го постигна неговиот трет гол за водство од 3:2. Во второто полувреме следуваше нешто помирна игра, а Васкез со два гола за пет минути од 81 до 86 минута направи пресврт. Конечните 4:4 ги постави Мекви во 97. минута.

Игуаин ја игра својата трета сезона во Интер Мајам ии до сега на 54 натпревари постигна 17 гола.