Maкс Холовеј и Џастин Гејџи приредија одлично шоу за љубителите на боречките вештини.
За Холовеј ова беше најдобрата борба во кариерата, а до неа дојде со нокаут во последната секунда. Гејџи беше одличен и во последните десет секунди од борбата двајцата борци приредија спектакл.Ваквото сценарио на неколку секунди до истекот на последната рунда значеше и еден од највозбудливите и најлегендарни нокаути во историјата на УФЦ.
Переира не губеше време во дуелот за титулата со Хил и го нокаутираше противникот уште во првата рунда, со што Бразилецот останува со шампионскиот примат во полутешка категорија.