Спасовски со министрите за внатрешни работи од Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес

Со состанок на министрите за внатрешни работи продолжува Берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел забрзување на соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја предводи делегацијата од МВР којашто денеска во Берлин ќе учествува на состанокот на министри од земјите учеснички во Берлинскиот процес.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ќе има обраќање на состанокот.

Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки на ЕУ, актуелниот претседател на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и државите од Западен Балкан.

Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува Берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел приближување на Западен Балкан до ЕУ.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека главни теми на состанокот на министрите ќе бидат илегалната миграција, борбата против корупцијата и организираниот криминал и третманот на повратниците од областите под контрола на џихадистите,

На состанокот поканети се министрите на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Ќе присуствуваат претставници на ЕУ, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации.

Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел како продолжение на претходните Конференции за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...