Спасовски на конференција на ДЦАФ: Направивме успешни реформи на безбедносните служби

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, присуствуваше на годишната Конференција за преглед на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), при што учествуваше на панел дискусијата „Реформите во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија – тековни постигнувања, останати предизвици и идни приоритети”.

Министерот Спасовски во текот на панел дискусијата, меѓу другото, беше запрашан за оценка на сегашната состојба на спроведените реформи, при што тој истакна дека се направени успешни реформи на безбедносните служби коишто, како што рече, започнаа по т.н. скандал со незаконското следење на комуникациите и последователните препораки дадени од страна на Европската комисија (ЕК) преку овластената група на независни и виши експерти за владеење на правото, предводени од Прибе, а следењето на комуникациите, правосудните и обвинителските органи и надворешните надзорни тела тогаш беа дефинирани како трите главни подрачја во кои се најмногу потребни итни интервенции.

„Во насока на операционализација на наведените приоритети, Владата на Република Северна Македонија ја постави реформата на безбедносно-разузнавачките служби високо на агендата во Реформскиот план, а со цел создавање реформирана, професионална, независна и отчетна институција, која ќе постапува согласно нови строго пропишани законски норми, во согласност со високи етички и професионални стандарди, а во насока на исполнување на препораките на Прибе. Реформскиот пакет во сферата на следење на комуникациите, всушност, содржи два нови закона – Законот за следење на комуникациите и Законот за Оперативно-техничка агенција. Со цел усогласување со некои одредби од овие закони, во истиот период беа усвоени измени и дополнувања на сите други релевантни законски решенија, како што се Законот за електронските комуникации, Законот за кривичната постапка, како и дополнување на Законот за класифицирани информации. Нешто подоцна, беше донесен и Закон за Агенција за национална безбедност, како и Закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, со што се заокружи законската рамка за спроведување на реформите”, истакна министерот Спасовски.

Според министерот Спасовски, сиот капацитет на институциите треба да се вложи со цел граѓанскиот надзор и контрола да биде ставен максимално во функција. „На тој начин мислам дека ќе ја зајакнеме и довербата кај граѓаните во безбедносните служби, односно генерално во безбедносната заедница“, порача Спасовски, додавајќи дека покрај легислативното, потребно е да се направи и физичко одделување на АНБ од МВР.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...