Три години од создавањето АНБ е функционална, етаблирана и високо почитувана институција во рамките на нашиот безбедносен систем и од страна на исто родните светски институции, оцени во објава на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

May be an image of 8 people, people sitting, people standing and outdoors

Тој денеска на покана од директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски во Клубот на пратеници присуствувал на прославата по повод одбележување на Денот на АНБ, како што нагласува, безбедносна институција која веќе трета година од формирањето претставува еден од суштествените фактори во заштитата и безбедноста на сите наши граѓани, институции и државата во целост.
May be an image of 3 people, people standing and suit