Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е познат по тоа дека добро воведува ред во соблекувалната.

Тоа го покажа вчера на дело кога го отстрани Виктор Осимен од тренингот. Нигериецот бурно реагираше и беше нервозен, а тоа го налути Спалети.

„Премногу зборуваш. Излегувај и оди под туш“, го избрка Спалети напаѓачот.