– Лидерот на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ рече дека смета оти го убедиле претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ дека имаат мнозинство за мандатар и за формирање влада.

 

– Ги поддржуваме консултациите, ова е одличен пат кон понатамошна демократија. Мислам дека го убедивме претседателот дека имаме мнозинство за мандатар и за формирање влада, рече Спајиќ.

 

Милатовиќ денеска со средба со Спајиќ ги започна консултациите за избор на мандатар за состав на влада.

На средбата, освен Спајиќ, присуствуваа и членот на Претседателството на ПЕС Борис Пејовиќ, пратеникот од листата на тоа движење Сеид Хаџиќ и пратеничка од листата на ПЕС и членка на Алтернатива Јелена Недовиќ.

 

На прашањето кој ќе го сочинува мнозинството, Спајиќ одговори: „Не би сакал сега да зборувам за тоа“. Тој не сакаше да одговори точно на каква поддршка сметаат.

Милатовиќ минатата недела изјави дека иако според Уставот има 30 дена да ги спроведе консултациите, очекува да ги заврши во следните 15 дена.

 

Откако ќе биде предложен, мандатарот ќе има 90 дена да го формира кабинетот. јт/Фото: Фејсбук .

Извор: МИА