Втората жена на експремиерот Никола Груевски, Боркица Груевска побарала развод.

Во објавениот јавно оглас стои дека не се знае каде живее експремиерот, дека тој е тужен, се бара развод и дека му е одреден адвокат за спорот.

„Боркица Груевска од Скопје, ул. ‘Павел Шатев’ бр. 3-1/15“ поднела тужба против „тужениот Никола Груевски од Скопје со непознаата адреса за развод на брак“.

Никола и Боркица Груевски стапија во брак во мај 2007 година и имаат две ќерки, Софија и Анастасија.