Сообраќаен хаос утрово ги дочека скопјани, особено жителите на скопски Аеродром.
Редици колони возила се создадоа од пред ресторанот „Три Бисери“ до пред зградата на Народната банка.
Сообраќајот таму е закрчен, а истото се случуваше и претходните работни денови каде се чека и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос. Граѓаните на големо доцнат на работните места.
Булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај Народна банка е дел од улиците на кои во моментот се вршат градежни активности. На овој булевар неколкупати во минатото се правеше реконструкција, но асфалтот остана оштетен.
Фото: Локално