Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV индексот ќе биде 9.

И утре ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето.