Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.
Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи, соопштува УХМР.
Максималните температури во земјава се очекува да достигнат до 37 степени во Гевгелија, додека во главниот град ќе се искачат до 34 степени. УВ зраците исто така високи и ќе достигнат 8.
Слично време не очекува и во текот на утрешниот ден, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
– Во попладневните и вечерните часови и во следните денови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – укажуваат од УХМР.
И покрај најавите за локален дожд, температурите во следните денови ќе одат во сличен интервал. Утринските ќе се движат од 12 до 20 степени, додека масималните дневни ќе се искачуваат и до 38 степени.