Стабилната временска состојба продолжува и во текот на следните денови, па во најголемиот дел од земјата ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утрото ќе биде студено и минималната температура на некои места се очекува да се спушти и под 0, односно ќе се движи во интервал од -3 до 8°C, но затоа пак ќе имаме пријатна дневна температура во интервал од 18 до 24°C.