Веројатно малкумина од вас се запрашале каде е и што прави Оле Гунар Солскјаер.
Од втора лига, до спасител на Германија – 12 ден ↓↓↓
Солскјер се повлече откако доби отказ во Манчестер Јунајтед и од тогаш е без работа. Отказот за Норвежанецот дојде пред една година во ноември кога Манчестер Јунајтед изгуби од Вотфорд со 4:1.
Сега пристигнуваат неверојатни информации за тоа што правел Солскјер во овој период додека бил без работа. Верувале или не – ги изгледал сите 168 натпревари на кои тој го водел Манчестер Јунајтед.
Ваквата информација ја пренсе „Атлетик“ повикувајќи се на извори на блиски до Норвежанецот. Освен тоа се додава дека Солскјер сега е спремен и сака да се врати на тренерската работа. Неодамна тој добил понуда да биде стручен коментатор за време на Светското првенство, но истата ја одбил.