Собраќајна несреќа на патот Штип-Кочани, сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:45 часот меѓу три возила на магистралниот пат Штип-Кочани, кај на местото викано Чифличка крстосница.

Според првичните информации од портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панајотова во несреќата има повредени лица. Во тек е увид од страна на екипите на СВР – Штип, како и на јавен обвинител.

Повеќе детали околу оваа несреќа, Панајотова најави за во текот на утрешниот ден. Во моментов сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани на местото каде што се случила несреќата е во прекин и во двата правци.

Полициските службеници возилата ги пренасочуваат преку алтернативните патни правци за да се пристигне до Штип или Кочани.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...