Скопје, 22 ноември – Денес, по повод 114 годишнита од Битолски конгрес, под покровителство на Првиот потпретседател на Владата, г-дин Артан Груби организирана е Свечена академија, каде беше промовиран видео спот на песната Битолски конгрес, од уметникот Илир Шаќири.

Учителот Даскал Тодри ќе рече: Сине, овие букви се злато, најзлатни! Со тие ќе се пишува нашиот јазик. Магијата на јазикот, мојата маленкост ќе се обиде да ви ја долови со зборовите  на големиот Ѓерѓ Фишта, претседател на Комисијата за изготвување на азбуката на Битолскиот конгрес, истакна меѓу другото, Груби.

 

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани присутни, дами и господа, Претседател на Собранието, Премиер, министри, пратеници, градоначалници, амбасадори, драг Илир, и првиот меѓу нас, г-дине Али Ахмети, браќа и сестри,

Учителот Даскал Тодри ќе рече: Сине, овие букви се злато, најзлатни! Со тие ќе се пишува нашиот јазик.

Магијата на јазикот, мојата маленкост ќе се обиде да ви ја долови со зборовите  на големиот Ѓерѓ Фишта, претседател на Комисијата за изготвување на азбуката во Битолскиот конгрес,

Кутра земјо наша, што се не си видела, изнапатена низ виорот на таа низа бескрајни страдања, низ кои  судба наша кутра мина! Колку ли те лична Господ создаде, но воздивнувам кутриот јас – дека мошне сурово и без срам те нагрди човек. Боса, соблечена и соголена, без леб и залак, навредена од секој, та од срам да црвенеш со свое име да се крстиш, име просветлено од давнина, не знам дал’ има лице човечно, што те остави закрвавена со некој клет душман, бидејќи во крвта на чедата твои, биваат безмилосно меѓу себе истребени.

Па, пресветли дами и Господа, браќа мои, љубовта кон Татковината да ти била грев, злостор, кривоклетство, некој блуд голем, и ова кутро мртво чедо, кое бедно лежи пред наши очи, кој не учи како стигнува казна за гревот кон Татковинољубство. Татковинољубство, да, ни беше таа што му ја скина главата на оваа кутро момче маченик – кого глас го биеше кутриот дека ја љубеше татковината и ја љубеше со сето срце и сета сила на својата душа, бидејќи за неговата земја ништо не жалеше, бидејќи за ништо завист немаше, само на грутка своја да и служи и за Татковината да се жртвува. Но едикојси на нишан го зема, и една недела попладне, ден сончев, не знам зошто, во Тирана од гроб стана,  аветина, страшен вампир, кој од којзнае чие оружје, го убива и струполен на земја го остава.

И така денес, кога на земја цутат цвеќиња, тој во најубавиот цут на своето момчештво, како цвет влегува да скапува под земја.

Зошто? Кутриот негов учител, кој меѓу училишни скутови негде ги скрива тие чувства на доблести, мажештво, верба, човештина, зошто да го подучеше тука оти со молив и хартија можат да се потлачат народи и крв да им се испие, денес немаше чесен граѓанин да ја сиромаши Љибохова, еден чесен град, Валона, со чедо во душата, Косово со еден пријател, сета албанска младеж со својата единка толку сакана и раздрагана.

Оган да ги запали, да ги ништи тие песни и писма, дувајќи во вкусен ѓомлезец на овој јазик небески наш, го распламтуваат во срцето жарот кон Татковината, и така пред време в гроб го пикаат. Оф, леле мајко! Да, да не ја сакаше оваа момче својата земја, денес немаше да жалат главешините на народот од Пеќката карпа до Карпата на Стилоз, за да леат солзи на раната неизлечива негова; туку на огништето свое ќе липаа гробишта – и тие неизлечиви – на народот албански, кој со големи чекори на свое покајание прибегнува.

Па да; ако ова момче фрлил око и крадел државен имот; ако грабал туѓи земјишта, кога заради политика би обесчестил туѓи луѓе за ниски побуди, да ти запалил некоја гора или срамнил со земја некое село, ние денес немаше ич да го погледневме со крв полиен на гроб, тук’ ќе видевме како се аздисува од трон на трон, од сандали во сандали, од фотела во фотела низ одаи престрилни , во дослух со некои валкани тајни клики, пишувајќи списоци на имиња на тие патриоти кои ќе ги погубуваа за свои болни амбиции свои.

Ајде тогаш, сега занавек да се разделиме. А, што се однесува за албански работи, не се грижи: Јас, кој како што знаеш, не лажам, ти давам збор тука, над твојот отворен гроб,  дека твојот патриотски идеал ќе победи и земјата ќе напредне слободна и расцутена, оти на една стран погиебието ќе го откорне, ќе ожнее, ќе ја сотре ова чета идиоти, егоисти, фанатици и фарисеи, низ канџите нивни судбата татковинска мине, на друга страна Бог возвишен ќе го просветли умот и ќе вдахне сила во срцата на младежта, за да таа со труд, послушие кон закони и со вистинска љубов кон татковината, да ја додржува земјата, да напредне и да расцути покрај други цивилизирани народи. Ќе не има. Ќе не биде.

Адаптираниот говор на големиот отец Ѓерѓ Фишта од 1924 година над моштите на младиот патриот, ќе го завршам со стихови проткаени од него самиот:

О, пресветла надеж народна – албанска младеж

Збогум ти вели Авни Рустеми, и аманет ти остава:

Наполнетото оружје да не се предаде

Другар со другар никогаш да не се раскара

Да не се раскара, ниту да се закача

Никогаш во матна вода да не згазнеш

Зборови за армасање никогаш да не прекинат

На бујно срце да се раздише

Почитувани граѓани, драги сонародници, со поклонение пред сите тие мажи и жени на нацијата низ декади и векови, ви го честитам 22 ноември на сите Албанци – Денот на Битолскиот конгрес, на албанската азбука.