Со 63 гласа „за“ пратениците го изгласаа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

Во текот на дискусијата, премиерот Ковачевски посочи дека Владата со Пенов како министер за локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратегиските политики на локално и централно ниво. ВМРО-ДПМНЕ, пак, критикуваше дека власта прави дефокус со предлог за нов министер наместо да понуди решенија за кризата, а конкретно за Пенов од партијата посочија дека не веруваат оти е добро решение.

Со 63 гласа „за“ и 30 „против“ пратениците во Собранието го избраа поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа.

Веднаш по гласањето, тој даде и свечена изјава со што и официјално стапи на функцијата.

Дискусијата за предлогот Пенов да биде нов министер траеше три дена. На претставувањето на предлогот пред пратениците, премиерот Димитар Ковачевски рече дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратегиските политики и на локално и на централно ниво.

Опозицијата, пак, критикуваше дека станува збор за истрошен кадар кој потекнува од транзицискиот период. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ критикуваше и дека власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не верува дека е добро решение.

Пенов на министерската позиција ќе го наследи Горан Милевски кој си поднесе оставка, а партиските органи на ЛДП, која при распределбата на „владиниот колач“ го доби ресорот локална самоуправа, го предложи Пенов за нов министер.

Освен од министерската, изминатиот период беа гласни и шпекулациите дека до крајот на годината Милевски ќе замине и од лидерската позиција во ЛДП, за каде што како најсериозен кандидат за нов претседател се споменува актуелната потпретседателка Моника Зајкова, која е една од двајцата пратеници што ги има партијата.

Доаѓањето на Пенов на министерската функција значи негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години. Тој е роден на 28 септември 1957 година во Велес, а првата висока функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје. На функцијата тој се задржа во два мандата (1996-2000 и 2000-2004), а потоа беше и пратеник, исто така во два мандата. Од партиски функции, пак, беше секретар на Демократската партија до нејзиното спојување со Либералната партија во 1997 г., а потоа беше и потпретседател и претседател на Либерално-демократската партија во периодот од 1999 до 2007 година.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...