На социјалните мрежи се појави видео од нападот со беспилотно летало врз Москва рано утринава, за кој руските власти ја обвинија Украина.
На снимката се слуша и се гледа силна експлозија откако дронот удри во зградата.
Додека зградата гори, граѓаните врескаат, се слушаат на видеото.
Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови денеска.
„Фасадите на две деловни згради во центарот на Москва се малку оштетени“, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин на својот канал „Телеграм“.
Едно лице е повредено, а сообраќајот е привремено затворен на еден од четирите аеродроми во руската престолнина.