Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 34 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 31, Берово 29, Кавадарци 36 и Дојран 37.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец и температури до 39 степени.