Скопјанец утрово загина откако во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“ се судрил со камион, додека неговата сопатничка минала со тешки телесни повреди.
Сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.
„На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.
Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи“, информира СВР Охрид.